OSKAR
“Нема морални и неморални книги. Книгите или се добро напишани или лошо. Тоа е се.“
“Во моментот кога човек ќе седне да размислува целиот се претвора во нос, во чело, или во нешто исто така грозно. Погледни ги само луѓето кои постигнале некаков успех во некои научни професии. Како се само грди! Свештените лица, се разбира се исклучок.
Веројатно затоа што во црквата и ништо не се мисли. Бискупот и во осумдесетата година го проповеда истото она што го научил во осумнаесетата. Сосема е природно тој од секогаш да изгледа совршено занесно.“
“Насмевката воопшто не е лош почеток на едно пријателство, но сигурно е негов најдобар крај“
“Што помалку верува во одредена идеја еден човек тоа поверојатно е да корисна зошто во тој случај нема да биде обоена со ни со неговите потреби, ни со неговите желби или предрасуди.
“Повеќе сакам луѓе отколку принципи, а највеќе од се сакам луѓе без принципи“
“Секој успех регрутира нови непријатели. За да им бидеш омилен на сите треба да останеш просечен“
“Верните луѓе ја познаваат само тривијалната страна на љубовта - единствено неверните можат да ја осознаат вистинската љубовна трагедија“
“Младите луѓе сакаат да бидат верни но неможат - старите луѓе сакаат да бидат неверни но неможат“
“Ништо неможе да ги излечи сетилата освен душата, ништо неможе да ја излечи душата освен сетилата“
“Жените ја расипуваат секоја романтика инсистирајќи истата да ја направат вечност“
“Со која било жена можеш да бидеш среќен доколку не ја сакаш“
“Ниедна жена не е генијална. Жените се пол кој служи за украс.
Тие немаат многу што да кажат, но го кажуваат заносно.
Жените претставуваат победа на материјата над духот, исто како што мажите претставуваат победа на духот над моралот“
“Мажите се женат зошто се уморни - жените се мажат зошто се радознали - и едните и другите на крајот се разочаруваат“
“За емоционалниот живот верноста е она што е и доследноста за духовниот - едноставно признавање на неуспехот“
“Кога човек е заљубен на почеток се лаже себеси а потоа на крајот ги лаже другите“
“Мнозинството од луѓето паѓаат под стечај, зошто премногу инвестираат во прозата на животот.
Да се упропастиш себеси заради поезијата, тоа е веќе нешто!“
“Луѓето највеќе сакаат да делат совети кои ним највеќе им недостигаат“
“Причината поради која сите ние сакаме да за другите имаме добро мислење лежи во тоа што сите стравуваме за себеси.
Основата на оптимизмот е гол страв. Се сметаме за племенити затоа што на ближните им ги препишуваме оние доблести кои по своја прилика би можеле да ни користат. Го фалиме банкарот за да можеме да го одолговлекуваме заостанатиот долг на сметката, а кај друмскиот разбојник наоѓаме добри страни само за да не не ограби.“
“Ако сакаш некоја личност да ја расипеш, земи поправај ја“
“Кога сме среќни секогаш сме добри, ама кога сме добри не сме секогаш среќни“
“Жените подобро ја поднесуваат тагата во однос на мажите. Тие живеат од своите емоции. И мислат само на нив. Кога ќе најдат љубовник тоа е само за да имаат некого со кого би правеле сцени“
“Жените на жалост, ја ценат свирепоста, вистинската свирепост, многу повеќе отколку било што друго.
Тие имаат извонредни примитивни инстикти. Ние ги еманципиравме, арно ама, останаа робови кои ги бараат своите господари.
Сакаат да бидат владеани.“
“Основа на секое озборување е некоја извесна аморалност“
“Големите љубови и големите несреќи самите се уништуваат од сопствената прекумерност. Површните љубови и површните несреќи траат долго.“
“Скептицизмот е почеток на едно верување“
“Уметноста е болест, љубовта е илузија, религијата е модерен сурогат на верата“
0 Comments:
Post a Comment
<< Home